ПРИРОДНО РАДИОАКТИВНА ХРАНА 10 намирници кои најмногу зрачат

Шампион во природната радиоактивност е бразилскиот орев, но во природни намирници кои зрачат се вбројуваат и бананите, компирот, путерот од кикирики и пивото, па дури и водата за пиење. Секако, ова изворно зрачење во намирниците не е штетно за нашето здравје

619

Гледано како катастрофа, радиоактивното зрачење секогаш привлекува внимание, а малку е познато за постоењето на природно радиоактивна храна. Ова изворно зрачење во намирниците не е штетно за нашето здравје, па затоа непречено ги користиме во секојдневната исхрана.

Технички, целата храна е малку радиоактивна. Тоа е затоа што таа и сите други органски молекули содржат јаглерод, кој природно постои како мешавина на изотопи, вклучувајќи го и радиоактивниот јаглерод C-14.






Се разбира, некои видови намирници емитуваат повеќе зрачење од другите. Шампион во природната радиоактивност е бразилскиот орев, но во природни намирници кои зрачат се вбројуваат и бананите, компирот и пивото, па дури и водата за пиење.

Прочитајте кои се 10-те природно најрадиоактивни јадливи намирници, со прецизни податоци колку зрачи секоја од нив, на порталот „Арт кујна“.

Фото: Unsplash

Поврзани содржини