ПРИРОДНО Е НАШИТЕ БРАЌА ДА СЕ ВРАТАТ ВО НАШАТА ЦРКВА Свештенството вели дека добра е одлуката ПОА да биде интегрирана во МПЦ-ОА

Професорот Цане Мојановски, своевремено претседател на Комисијата за односи меѓу верските заедници, смета дека Одлуката на Синодот на МПЦ-ОА, треба да се гледа и всушност е дел од пакетот на признавање на самостојниот статус на МПЦ. Според него оваа одлука е дел од условите за доделување на Томосот.

2,752

„Одлуката на Синодот ја цениме како позитивен чекор и реагираме со радост зашто е најприродно нашите браќа и богослужители да се вратат во нашата црква на радост на сите верници и на клирот на МПЦ-ОА. Расположени сме и радосни што ќе се надмине анимозитетот кој постоеше“.

Вака за ТВ24 вели презвитер Ивица Тородов во врска со потегот на Синодот да почне интеграција на ПОА, Православната Охридска Архиепископија на Јован во рамките на МПЦ-ОА.






Со позитивен импакт врз процесот на признавање на МПЦ-ОА, во оваа одлука на Синодот, гледа и аналитичарот Бранко Ѓорѓевски.

На слично мнение е и професорот Цане Мојановски, своевремено претседател на Комисијата за односи меѓу верските заедници, кој смета дека Одлуката на Синодот на МПЦ-ОА, треба да се гледа и всушност е дел од пакетот на признавање на самостојниот статус на МПЦ.

Според него, оваа одлука е дел од условите за доделување на Томосот.

Плусинфо веќе пишуваше за односот меѓу МПЦ и ПОА и што може да се очекува и да биде понудено во блиска иднина.

Поврзани содржини