ПРИРОДНИОТ ПРИРАСТ ВО „СЛОБОДЕН ПАД“ За три месеци се родиле 4.019, а умреле 4.730 луѓе

Во второто тримесечје од 2023 година се склучени 3.228 бракови, а во истиот период се добиени 467 извештаи за разведени бракови.

160

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4.019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 %.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје годинава бележи намалување од 0.5 % во споредба со истиот квартал лани, односно починале 4.730 лица, а од нив шест се умрени доенчиња.






Природниот прираст е негативен, – 711 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во второто тримесечје од 2023 година се склучени 3.228 бракови, што претставува зголемување од 10.9 % во споредба со истиот период од 2022 година.

Во ова тримесечје се добиени 467 извештаи за разведени бракови.

Поврзани содржини