📽 ПРИПАДНИК НА ХАМАС ЈА СНИМИЛ СОПСТВЕНАТА СМРТ? Камерата го фатила израелскиот напад од заседа
Милитант на Хамас снима како тие влегуваат во израелската населба за време на нападот врз јужен Израел минатата сабота, но на снимката ја фаќа и сопствената смрт откако некој пука од заседа пука кон нив.
Терористот на Хамас, кој го снимал нападот во Кибуцот Суфа во јужен Израел, успеа да ја сними и сопствената смрт.
На социјалните мрежи се појави видео од милитант на Хамас кој снима како тие влегуваат во израелската населба, за време на нападот врз јужен Израел минатата сабота, но на снимката ја фаќа и сопствената смрт. Имено, на видеото се гледа како некој пука од заседа кон група членови на Хамас кои влегле во населбата. Притоа погоден е и припадникот на Хамас кој го снимал нападот.
Хамас масакрираше израелски цивили на 7 октомври кога упадна на младински музички фестивал и го изврши најлошото крвопролевање во израелската историја. Досега, повеќе од 1.400 луѓе загинаа во Израел, вклучувајќи 286 војници. Од друга страна, повеќе од 2.600 луѓе загинаа во израелските напади врз Појасот Газа.
Повеќе од 1.000 луѓе се под урнатините во Газа, објави палестинската цивилна одбрана. Во соопштението, цивилната одбрана рече дека тимовите извлекле многу преживеани од урнатините во рок од 24 часа откако зградите беа погодени од израелски бомбардирања.
Hamas terrorist film his assault on an Israeli kibbutz with the help of a GoPro camera.
Suddenly, he gets ambushed by either an armed resident of the kibbutz or Israeli security forces.
He does not survive the attack pic.twitter.com/V1HT8WuWk9
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 15, 2023