Припадници на ИСИС добиле македонски пасоши со туѓи идентитети
Терористот на ИСИС во Македонија се бара за тројно убиство.
На 13 септември 2018 година, 37-годишниот Зејадин Бериша влегол во просториите на македонското МВР, се фотографирал, оставил отпечаток од прстот и по неколку дена добил македонски пасош со нов идентитет – Јосиф Ставре, објави порталот МКД, додавајќи дека Бериша бил осуден за тројно убиство и по него има меѓународна потерница за учество во терористички групи и поради тоа што е припадник на ИСИС.
Новиот пасош со украден идентитет, Бериша го користел цели 30 месеци, а дури на 2 март годинава била откриена измамата како дел од аферата „Двојник“.
Македонски пасош со украден идентитет има и 34-годишниот Фитим Дема, кој беше дел од џихадистичката група на Љвдрим Мухаџери и Ридван Хаќифи. И тој е осуден за учество во терористичката војска ИСИС, а неговиот нов идентитет на македонскиот пасош бил Дориа Меле.
Како Дориан Меле, Дема бил приведен од албанските власти на 11 февруари 2019 во Валона во обид со брод да замине за Италија.
По двегодишна изтрага на МВР и скопското обвинителство во аферата „Двојник” откриени се 59 корисници на македонски пасоши со украден идентитет, а 156 сѐ уште се непознати, неоткриени.