ПРИОРИТЕТ Е ОБНОВАТА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА До 2028 коридорите 8 и 10 ќе бидат завршени со автопати или со експресни патишта

Оној дел од Коридорот 10 кој што оди од Демир Капија, преку Неготино, Велес, Скопје, Куманово и до границата со Србија, веќе е зрел за реконструкција, така што таму се работи на проект за реконструкција. На обиколницата на Скопје се направија некои интервенции, но и таму е потребна целосна реконструкција, вели министерот за транспорт Александар Николоски.

252

Јавното претпријатие „Македонија пат“ има наследени милионски долгови и потребно е итно да се консолидира, за да добиеме подобро одржување на патишата. Веднаш после изборите планираме негова целосна реконструкција, вели потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

– Претпријатието е во многу лоша состојба, има наследени долгови од минатото некаде 27-28 милиони евра. Со таков товар тоа претпријатие не може да ја врши својата работа, така што едно целосно реконструирање на „Македонија пат“ е приоритет и се надевам дека следно лето кога ќе се видиме, ќе можеме да зборуваме за многу подобро одржување на патиштата – истакна Николоски во гостување на Канал 5.






Приоритет за одржување, нагласи вицерпремиерт, се сите патни правци, вклучително и тие кои водат до помалите населени места.

За обнова приоритети се Коридорот 10 и скопската обиколница.

– Оној дел кој што оди од Демир Капија, преку Неготино, Велес, Скопје, Куманово и границата со Србија, веќе е зрел за реконструкција, така што таму се работи на проект за реконструкција. На обиколницата на Скопје се направија некои интервенции, но и таму е потребна целосна реконструкција – истакна Николоски.

Нагласи дека на крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот.

– Во Македонија се сечат два паневропски коридори. Двата паневропски коридори и 8 и 10, ќе бидат целосно покриени со автопат или со експресен пат и ќе бидеме во многу напредна фаза во градба на брза пруга на Коридорот 10 и на реконструкција и градба на Коридорот 8, што ниту една друга држава во регионот го нема. Да не зборувам за аеродромите, двата растат од квартал во квартал, така што кога ќе ја видите таа перспектива, мислам дека во 2028 година ќе сме апсолутен лидер во регионот – потенцира Николоски.

За една година целосно го променивме начинот на функционирање на аеродромите и имаме 16 нови дестинации, додаде Николоски.

– Најавувам дека во следниот период ќе се објават нови авиодестинации од македонските аеродроми. Сè  уште ги преговараме, но за многу брзо време ќе ги објавиме. Истовремено расте бројот на патници, во првото шестмесечје скопскиот аеродром порасна до 5%, а охридскиот со 13%. Очекувам во второто шестмесечје, односно до крајот на годината, овие бројки да се двоцифрени на двата аеродроми, што ќе е апсолутен рекорд во регионот – истакна Николоски.

Тој додаде дека динамиката на работа на новите автопатишта кои ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ се одвива според планираното, освен на автопатот од Требеништа до Ќафасан, каде работите се стопирани од УНЕСКО.

– Динамиката е согласно планираното, со едно одлагање од 2 години, од причина што тие 2 години од претходната Влада не беше изградено ништо. Ние кога дојдовме скоро и да немаше експропријација направено. Првото воведување во работа и на Тетово-Гостивар и на Гостивар-Букојчани и на Прилеп-Битола, беше во мандат на оваа Влада, но сега е динамиката добра и оди добро. Останува прашањето со Требеништа-Ќафасан, имајќи во предвид дека изградбата на овој автопат и официјално беше во извештајот на УНЕСКО за Охридскиот регион. Иако Охридскиот регион не е во опасност, ова остана дел од извештајот – истакна Николоски.

Тој потенцираше дека Владата рамислува за алтернативи со кои од една страна ќе се заштити животната средина, а од друга страна ќе се добие добра инфраструктурна поврзаност во овој дел од државата, што нема да биде во спротивност со препораките на УНЕСКО.

Поврзани содржини