ПРИОРИТЕТ Е ЈАВНАТА ЧИСТОТА ВО КИСЕЛА ВОДА Бети Стаменкоска Трајкоска ветува многу реални проекти од корист за граѓаните

52

Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, синоќа гостуваше во дебатната емисија „24 анализа“, на телевизија 24 пришто ги изнесе причините и мотивацијата за нејзината кандидатура за прв човек на општина Кисела Вода и чиј слоган е „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.

– Мотивот е желбата за продолжување на развојот на општина Кисела Вода и континуитет на она што изминатите 4 години со макотрпна работа се успеа да се постигне во Кисела Вода. Целта е да продолжиме да градиме општина која ќе ги спојува сите генерации и ќе создава услови за сите генерации и услови за квалитетно живеење – истакна Стаменкоска Трајкоска.






Во текот на дебатата Стаменкоска Трајкоска ги посочи и главните проблеми на граѓаните во општината како што се комуналната хигиена, јавниот сообраќаен превоз, изградбата на булеварот Борис Трајковски, како и проблемите со кучињата скитници.

– Тоа се проблеми кои навистина имаат интересна нишка, а тоа значи надлежности, кои за жал, во Град Скопје не се менаџираат како што треба. Но со едно добро менаџирање на институциите поврзано на релација Град – Општина Кисела Вода овие проблеми за многу брзо време можат да бидат надминати – дополни таа.

Стаменкоска Трајкоска ги сподели и решенијата кои таа и ВМРО-ДПМНЕ ги предлагаат во програмата за општина Кисела Вода и вети многубројни, но реални проекти за надминување на проблемите во општината.

– Она што сакам и ќе се стремам да го направам, е системско организирање на јавната чистота. Да се надминат проблемите околу квалитетот на живеење на граѓаните. Тоа што ќе продолжиме да го правиме како континуитет во соработка со останатите, а што е наша надлежност, е започнување на многу проекти што ќе значат бенефит за граѓаните. Меѓу нив е канализацијата Бабин Дол која е од многу големо значење за граѓаните на Припор. Понатаму, реконструкција на објектите на месните заедници во Драчево и во Пинтија. Доградба на спортска сала во основното училиште „Кузман Шапкарев“, доградба на основното училиште „Невена Илиевска-Дуња“ и многу такви проекти кои ќе значат подобро образование и подобри услови за учениците и за нас – рече Стаменкоска Трајкоска.

Таа наведе дека ќе се продолжи со изградба на атмосферски канализации и со изградба на целата подземна и надземна инфраструктура.

 

Поврзани содржини