ПРИНУДЕНИ СМЕ ПО ПАЗАРИ ДА ИСПРАЌАМЕ ВАЖНИ ПОРАКИ Ванковска прашува зошто нема дебата на претседателските кандидати?

279

На денешната средба со граѓани во Прилеп претседателскиот кандидат Билјана Ванковска ги кажа своите ставови за клучните прашања – се залага за нов Устав, поништување на Договорот со Бугарија, ревидирање на Преспанскиот договор, излегување од НАТО и водење надворешна мултивекторска политика каде главно ќе биде економскиот интерес на Македонија.

– Не настапуваме со прашање дали Бугарите ќе бидат во Уставот, туку настапуваме со сосема нов Устав, бидејќи овој продуцира нефункционилен политички и уставно-правен систем. Во план ни е раскинување на Договорот со Бугарија, а Преспанскиот договор, исто така, ќе биде предмет на преобмислување, односно на оспорување во периодот што следува – најави таа на средбите со прилепчани.






Ванковска вели дека во следните пет години ќе се случуваат многу болни и сериозни прашања, а она што неа ја дефинира како кандидат е постапката за излегување од НАТО.

– Според мојата проценка, и како професор, и како човек во политичка функција, светот влегува во нова фаза на редефинирање на меѓународните односи, меѓународната безбедност и мислам дека на Македонија не и треба инвестирање во туѓи и империјални војни и, никако, ниту нашиот буџет, ниту нашите деца се за туѓи боишта – рече Ванковска.

Таа се залага за водење надворешна мултивекторска политика каде, како што рече главно ќе биде економскиот интерес на Македонија.

Од Прилеп Ванковска порача и дека телевизиските куќи и противкандидатите избегнуваат директни соочувања.

Незамисливо за една демократија е да нема мастер-дебата на претседателските кандидати. Таа мастер дебата ние ја прифативме без никакви условувања, за разлика од некои од големите партии. Како професор по политички науки сум шокирана дека сосема е неизвесно дали ние седумина ќе се најдеме на едно место. А тоа е единствен начин да ги видат и слушнат ставовите на кандидатите. Ние сме принудени од пазари да испраќаме важни пораки за иднината на граѓаните. Тоа не доликува на една демократија. Медиумите бегаат и заобиколуваат. Големите „фаворити” веќе се во фаворизирана положба. Се чини дека за медиумите како изборите да завршиле и само го чекаат вториот круг. Јас не се предавам – рече Билјана Ванковска.

Во Прилеп Ванковска беше придружувана од Сашко Јанчев, носител на листа во ИЕ4 и активистите на ЛО Прилеп од Левица.

Поврзани содржини