ПРИНУДЕН ОДМОР ЗА ДЕЛ ОД РАБОТНИЦИТЕ НА ЕСМ Компанијата ги намали и целосно запре сите други трошоци

Стопирани се спонзорствата, репрезентациите, службените патувања кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија, сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови, додека законската дневница за патување се исплаќа во половина износ.

844

ЕСМ ќе испрати на принуден одмор дел од вработените кои работат во несуштинските сектори за да ги намали трошоците во работењето, информираа денеска од компанијата.

Не се соопштува колкав ќе биде бројот на работници кои ќе бидат пратени на принуден однор, но од компанијата велат , дека оваа мерка е последен избор од ницата мерки преземени за штедење и намалување на трошоците во услови на енергетска криза.






– Мерките се насочени во правец на намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.Од тие причини, во тек е постапка на утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период. Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно согласно Законот за работни односи,  со исплата на 70 отсто од платата – велат од ЕСМ.

Оттаму додаваат дека во овој период се намалени или целосно запрени сите други трошоци.

– Стопирани се спонзорствата, репрезентациите, службените патувања кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија, сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови, додека законската дневница за патување се исплаќа во половина износ. Запрена е набавката на возила, освен возила потребни за производниот процес, додека употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана – велат од ЕСМ.

 

Поврзани содржини