Принцот Вилијам во тешки здравствени проблеми

5,189

 

Еден од најпознатите членови на кралското семејство, 36-годишниот принц Вилијам, се соочува со проблемми. Меѓутоа, иако проблемите и скандалите, се чини, станаа стил на живот на ова најпознато семејство на светот, овој пат станува збор за посериозни проблеми, од здравствена природа, барем ако може да им се верува на пишувањата на американскиот таблоид „Нешенел еквајер“.





Овој медиум, имено, пишува дека Вилијам го губи видот, поточно му се заканува – слепило.

Според таблоидот, губењето на видот многу го загрижува принцот, па токму затоа тој побарал помош од најдобрите лекари во земјата.

– Принцот Вилијам има уште пет години пред целосно да го изгуби видот – тврди инсајдер од кралскиот двор, со што загрижил многумина.

– Тој јавно објави дека видот сè повеќе му се влошува. Но, внатре во ѕидовите на кралската палата, тој е смртно исплашен дека целосно ќе го изгуби видот – додава изворот, кој ги откри и причините за наглото влошување на здравствената состојба на омилениот принц.

– Не е тајна дека Вилијам и неговата сопруга Кејт се многу лути и огорчени затоа што Меган и Хари се откажаа од кралските должности. Иако Кејт, како и секогаш, во јавноста се прави дека е храбра, се плашам дека нивниот приватен живот се распаѓа. Борбата на Вилијам против слепилото секако ги уништува и им ги крши срцата – заклучува изворот.

 

 

 

Поврзани содржини