ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ТРЕБАЛО ДА СЕ ВИКА ПОИНАКУ Дијана го спречила Чарлс во намерата

Средното име на Вилијам е Филип по сега починатиот принц Филип и Луис по лордот Луис Маунтбатен.

616

Принцот Вилијам наводно требало да добие друго име, меѓутоа, принцезата Дијана сепак била поупорна, и покрај инсистирањето на принцот Чарлс.

Во текот на претходните години испливаа во јавноста бројни тајни и перипетии на британското кралско семејство.






Иако досега се мислело дека сѐ се дознало за една од најпознатите личности на светот, речиси секојдневно се појавуваа разни стручњаците со своите теории и проверени „тврдења“, како и со различни извори блиски на кралското семејство.

Имено, бракот на Чарлс и Дијана не бил на стабилни нозе, а една од главните причини е што тој сите тие години бил вљубен во сегашната сопруга Камила Паркер.

Дијана неколкупати ги слушнала кога разговарале по телефон, а наводно се пожалила и на самата кралица Елизабета за однесувањето на нејзиниот син. Меѓутоа, кога Дијана била бремена со Вилијам, Чарлс по секоја цена сакал на својот син да му го даде името Артур.

Еден од авторите на кралската биографија, Роберт Лејси, за списанието „Пипл“ изјави дека Дијана сакала помалку робусно име за својот син. Меѓутоа, една од главните причини била наводно дека Чарлс еднаш ѝ рекол на Камила дека би сакал да има деца со неа, како и дека би го именувал синот Артур. Тоа наводно Дијана го слушнала, така што не доаѓало предвид  тоа име да се искористи за нивното првороденче.

„Таа со сите сили инсистираше да биде Вилијам, иако никогаш не му откри дека знае за неговиот разговор со Камила“, додаде Роберт. Средното име на Вилијам е Филип по сега починатиот принц Филип и Луис по лордот Луис Маунтбатен.

Поврзани содржини