🎥 ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ СЕ ПРОВОЗИ НИЗ ВИНДЗОР СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ „Секогаш доцнам, па мислев дека ова е начинот да стасувам на време“

Принцот Вилијам го шокираше актерот од „Шитс Крик“ (Schitt’s Creek), Јуџин Леви, кога пристигна за да го прошета низ замокот Виндзор за неговата документарна серија возејќи електричен тротинет и ја призна својата најголема маана

789

Холивудскиот актер Јуџин Леви (78), бил поканет да се сретне со Принцот Вилијам во дворот на замокот Виндзор точно во 10 часот наутро на 1 февруари, со цел да сними епизода од неговата документарна серија на AppleTV+, „The Reluctant Traveler“, пишува Мирор.

Тој бил воодушевен кога добил лична покана за „приватна тура“ од принцот од Велс, рачно доставена до луксузниот кралски апартман во хотелот „Горинг“, каде што престојувал.
Кога пристигнал во Виндзор следниот ден – облечен во облека за шетање кучиња како што било побарано – тој првично бил изненаден затоа што принцот доцни на нивниот состанок. „Знам дека не е точен и брз… и не мислам дека нема да го спомнам тоа“, се насмеал тој.
Но, бил запрепастен кога, неколку минути подоцна, принцот од Велс поминал низ сводот на тротинет на батерии кој го олеснува движењето по камчињата во дворецот.






Откако завршиле формалните претставувања, Јуџин му вели: „Ова не е она што го очекував. Ова е твојот начин на транспорт?“ А Вилијам објаснува: „Овде е се кружно. Се движи доста убаво овде, забавно е.“
Тој му кажува на Јуџин дека додека неговиот татко, кралот Чарлс III, го поминува поголемиот дел од своето време во замокот Виндзор со кралицата Камила, тој и неговата сопруга Кејт не живеат во самиот замок. Н

– Доаѓаме и го користиме замокот за работа и за состаноци и за да се гледаме со луѓе – му вели Вилијам на актерот, кој веќе одлучил да не го споменува доцнењето.
Но, среќен што ги признава своите недостатоци, Вилијам објаснува: „Секогаш доцнам, па мислев дека ова е начинот да ги одржувам моите состаноци на време. Сепак, сè уште редовно доцнам, Јуџин – вели Принцот.
Се испоставило дека тоа конкретно утро – кое било сиво и дождливо и многу „англиско“ – Вилијам имал добра причина да ја остави телевизиската екипа да чека.

– Утрово успеав да си дупнам гума, што е доста забавно. Затоа одев толку бавно по патот – вели Вилијам.

Смешната сцена ќе биде прикажана во Велика Британија како четврта епизода од третата сезона од емисијата на Леви за Apple TV+, во која тој се обидува да ја пополни листата од желби за патувања.

Откако дошол да го посети Лондон, актерот бил воодушевен што бил прошетан низ замокот и неговиот имот, пред да се повлечат во локалниот паб на пиво и повеќе разговор со идниот монарх.

Поврзани содржини