Принцот Вилијам пред Кејт Мидлтон бил лудо вљубен во оваа дама, ќе се изненадите чија внука е

2,978

Нови детали од интимноста на принцот Вилијам протекуваат во јавноста.

Војводата од Кембриџ, наводно, во своите помлади денови бил преокупиран со една посебна дама – внуката на неговата сегашна маќеа Камила Паркер Боулс.






Пред да се запознае за време на студирањето со сегашната сопруга и мајката на неговите деца, Кејт Мидлтон, Вилијам „ѝ фрлил око“ на Ема Паркер Боулс, пишува „Глоси“.

Според пишувањето на биографот на принцезата Дијана, 17-годишниот Вилијам до уши вљубен во Ема.

Интересно е тоа што Вилијам своето тинејџерско внимание го насочил кон оваа дама, за која се наведува дека многу личи на нејзината тетка.

Многумина коментираат дека голема сличност е тоа што Вилијам се вљубил во братучетка на жената што ја сакал неговиот татко.

Имено, неговиот татко, принцот Чарлс, со години ја изневеруваше принцезата Дијана со Камила, а исто така е познато дека тој ја сакал само неа целиот свој живот. Тој успеа да се ожени со неа дури кога поминале повеќе од осум години од несреќната смрт на Дијана, т.е. во 2005 година.

Наводно, Вилијам бил во врска со Ема во времето кога тој имал само 17 години, а таа веќе имала 25 години, т.е. во 1999 година. Ема до денес останала близок член на кралското семејство па често се наоѓа заедно со Вилијам и Кејт на разни свечености.

Вилијам честопати знаел вљубено да гледа во Ема, а таа внимателно го слушала секој збор што ќе ѝ го каже младиот принц.

– Понекогаш тој така се загледуваше во неа поради што на сите присутни им беше непријатно – рекол еден од сведоците на љубовната ситуација на принцот Вилијам во 1999 година.

 

Поврзани содржини