ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ И ПРИНЦЕЗАТА КЕЈТ ВО МИСЛИТЕ СЕ СО ЖРТВИТЕ Британското кралско семејство се огласи за скандалите со Епстин

Најпопуларните членови на британското кралско семејство изјавија дека се загрижени за содржината на повеќе од 3 милиони страници документи објавени од Министерството за правда на САД.

0

Принцот Вилијам и принцезата Кетрин се огласија за случајот со Џефри Епстин, изразувајќи длабока загриженост за неговите жртви.

Ова е најновиот потег на британската монархија за дистанцирање од скандалот околу поранешниот принц Ендру и неговите врски со осудениот сексуален предатор и педофил.






Најпопуларните членови на британското кралско семејство изјавија дека се загрижени за содржината на повеќе од 3 милиони страници документи објавени од Министерството за правда на САД претходно овој месец.

„Принцот и принцезата од Велс се длабоко загрижени од тековните откритија. Нивните мисли се со жртвите“, се вели во соопштението на палатата.

Изјавата доаѓа пред тридневната посета на Вилијам во Саудиска Арабија, која започнува денеска, и е дел од одговорот на монархијата на растечката криза околу поранешниот принц. Ендру, 65-годишниот брат на кралот Чарлс беше лишен од кралските титули во октомври поради претходни откритија за неговата врска со Епстин. Тој сега е познат само како Ендру Маунтбатен-Виндзор.

Минатата недела, кралот го принуди Маунтбатен-Виндзор да го напушти својот долгогодишен дом во Ројал Лоџ во близина на замокот Виндзор. Ова го забрза преселувањето кое беше најавено во октомври, но не се очекуваше да се изврши до крајот на оваа година.

Маунтбатен-Виндзор сега живее во кралскиот имот Сандрингам во источна Англија. Тој ќе живее привремено во колибата Вуд Фарм додека не се уреди неговиот постојан дом на имотот.

Поврзани содржини