ВИЛИЈАМ ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ ЗА СОПРУГАТА Принцот се огласи по повод теориите на заговор за Кејт Мидлтон
Откако на социјалните мрежи почнаа да кружат теории на заговор за Кејт Мидлтон, Бакингемската палата испрати свој одговор.
Откако на социјалните мрежи почнаа да кружат теории на заговор за Кејт Мидлтон, Бакингемската палата испрати свој одговор.
Бакингемската палата го прекина молкот за теориите на заговор кои кружат за Кејт Мидлтон во последните денови. Портпаролот на палатата рече дека принцот Вилијам се фокусира на својата работа, а не на социјалните мрежи.
Да потсетиме, принцезата од Велс пред два дена за првпат беше фотографирана надвор од дома откако во јануари беше оперирана на абдоменот, а поради папарацо фотографијата која се прошири на интернет многумина почнаа да тврдат дека фотографијата е нејзина двојничка.
Иако кралските лица одбија да објават дополнителни информации за здравјето на Кејт Мидлтон поради медицинската приватност, кралските помошници велат дека принцезата е добро.
По многубројните прашања до палатата, одговорот сега пристигна за американското списание „Пипл“.
„Принцот Вилијам е фокусиран на својата работа, а не на социјалните мрежи“, изјави портпаролот на палатата.
Принцот од Велс не е виден од доделувањето на наградите Бафта во Лондон на почетокот на овој месец. Принцезата од Велс последен пат беше видена на Божиќ во Сандрингем.
Минатиот месец, Вилијам и се заблагодари на јавноста за љубезните пораки за поддршка додека зборуваше за Кејт и дијагнозата на рак на кралот Чарлс на настан во Лондон.
Кејт инаку се опоравува во семејната куќа во Аделаида Котиџ во Виндзор, а принцот Вилијам неодамна им се заблагодари на сите за пораките за поддршка за неговата сопруга Кејт и неговиот татко кралот Чарлс, на кој му беше дијагностициран рак, на настан на кој присуствуваше сам.
„Тоа ни значи многу“, истакна тогаш Вилијам.