ПРИНЦОТ ЏОРЏ НАСКОРО ЌЕ ТРГНЕ ПО СТАПКИТЕ НА ТАТКО МУ И БАБА МУ Вилијам бил на возраст од својот син кога почнал да посетува засолништа за бездомници со принцезата Дијана

Принцот Џорџ „наскоро“ ќе ги следи стапките на принцот Вилијам со еден дел од неговото кралско образование инспириран од принцезата Дијана. Имено, принцот од Велс е желен да го вклучи својот најстар син во еден дел од неговата добротворна работа со бездомници.

2

Принцот Вилијам страствено им помага на бездомниците уште од мал, откако бил запознаен со оваа кауза на неговата мајка, принцезата Дијана.

Поминаа 20 години откако стана кралски покровител на добротворната организација за бездомници „Centrepoint“, продолжувајќи ја улогата што некогаш ја имаше неговата покојна мајка. Но, сега е откриено дека принцот од Велс би сакал принцот Џорџ, 12, да го продолжи ова наследство на застапување – и планира нааскоро да почне да го запознава својот син.






Извор близок до принцот од Велс изјави за „Дејли Мејл“ дека Вилијам „многу разговара со Џорџ, Шарлот и Луис за бездомништвото“. Додавајќи дека кралското семејство е „неверојатно страсно“ во поглед  на помагањето на бездомните луѓе, изворот вели дека Вилијам сака неговиот најстар син да стекне практично искуство во оваа мисија на кралското семејство.

– Тој сака наскоро да го однесе Џорџ во засолниште за бездомници за да се запознае со некои од брилијантните луѓе што го инспирирале да ја создаде „Homewards“ и луѓето што на крајот ќе добијат поддршка од него – додал изворот.

„Homewards“ е иницијатива што принцот од Велс ја започна преку Кралската фондација во 2023 година, а нејзината цел е „да покаже дека е можно да се стави крај на бездомништвото – правејќи тоа да биде ретко, кратко и неповторливо. Проектот има шест водечки локации низ Велика Британија кои работат на акциони планови за помош на луѓето во нивните региони, при што Кралската фондација обезбедува финансирање до 500.000 фунти за секоја локација.

Принцот Вилијам бил на возраст на Џорџ кога првпат почнал да посетува засолништа со својата мајка, како што е прикажано на некои никогаш порано видени фотографии од детството што принцот ги сподели во документарецот од 2024 година, „Prince William: We Can End Homelessness“ (Принц Вилијам: Можеме да ставиме крај на бездомништвото).

На некои од фотографиите е 11-годишниот Вилијам како игра шах и држи божиќни подароци за време на посетата во декември 1993 година на „The Passage“, друга добротворна организација за бездомништво што принцот од Велс ја поддржува како покровител.

– Мајка ми ме однесе во „The Passage“. Таа нè одведе и мене и Хари таму. Мислам дека имав околу 11 години во тоа време – рече тој во документарецот. Вилијам призна дека никогаш порано не бил во нешто слично и бил малку загрижен што да очекува.

Сепак, тој бил изненаден од тоа колку среќна атмосфера имало таму.

– Се сеќавам дека имав некои добри разговори – само играв шах и разговарав. Тогаш ми светна дека има и други луѓе кои немаат ист живот како ти – рече тој.

Што се однесува до принцот Џорџ, тој полека се запознава со официјалните кралски должности од неговите родители, сега кога е речиси тинејџер.

Во мај, Џорџ им се придружи на принцот Вилијам и принцезата Кејт на чајанка за ветерани од Втората светска војна во чест на 80-годишнината од Денот на победата во Европа, а  присуствуваше и на Фестивалот на сеќавањето со мајка му Кејт во ноември, додека принцот Вилијам беше во посета на Бразил.

Поврзани содржини