ПРИНЦОТ ЏОРЏ МУ СЕ ЗАКАНИЛ НА СОУЧЕНИК Татко ми ќе биде крал, подобро ти е да внимаваш

Британските медиуми пишуваат дека деветгодишниот принц знае да се турка со момчињата на игралиште или да ги задева.

1,353

Кога момчињата од училиштето го туркаат или задеваат принцот Џорџ, тој има аргумент затоа што неговиот татко е посилен од другите татковци.

Британските медиуми пишуваат дека деветгодишниот принц знае да се турка со момчињата на игралиште или да ги задева, а во една прилика на едно момче од своето училиште му рекол: „Татко ми ќе биде крал, па подобро за тебе е да внимаваш“.






Оваа анегдота ја открила Кејти Никол во нејзината книга „New Royals“, во која се осврнала на детството на идниот крал Џорџ и неговата сестра Шарлот и брат Луис. Џорџ до седумгодишна возраст немал поим дека ќе биде крал, а неговите родители, вели авторката, сакаат да му овозможат што е можно понормално детство.

Инаку, принцот присуствуваше на погребот на неговата прабаба Елизабета Втора, а тој и Шарлот го привлекоа вниманието со своите манири и однесување.

Поврзани содржини