Британскиот принц Џорџ денеска полни 8 години и по овој повод, неговите родители објавија нова фотографија од нивното најстаро дете.
Држејќи се до традицијата, фотографијата ја снимила неговата мајка, Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, која има страст кон фотографијата.
„Војводата и војвотката од Кембриџ се многу задоволни што споделија нова фотографија на принцот Џорџ во пресрет на неговиот осми роденден“, се вели во соопштението на палатата Кенсингтон.
На фотографијата е насмеаниот Џорџ, кој позира во тегет и портокалова кошула во риги, надвор со поле со диви цвеќиња зад него, на кралскиот имот на Норфолк.
Кенсингтонската палата соопшти дека Кејт го фотографирала принцот Џорџ порано во јули во Норфолк, резиденцијата на семејството надвор од Лондон.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм