📷 ПРИНЦОТ ЏОРЏ ГО СЛАВИ 11-ТИОТ РОДЕНДЕН Кејт Мидлтон ја направи роденденската фотографија на најстариот син

На денешен ден пред точно 11 години се роди престолонаследникот и првото дете на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Џорџ.

574

На денешен ден пред точно 11 години се роди престолонаследникот и првото дете на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Џорџ.

Првороденото дете на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Џорџ го слави својот 11-ти роденден. По тој повод, на официјалниот инстаграм-профил на принцот и принцезата од Велс е објавена негова најнова фотографија.






„Му посакуваме среќен 11-ти роденден на принцот Џорџ“, е наведено во описот на фотографијата која ја снимила неговата мајка Кејт Мидлтон.

 


На фотографијата Џорџ седи во костум, гледа во камерата и се насмевнува.

Под фотографијата се нижат голем број коментари, во кои обожавателите на кралското семејство му го честитаат роденденот на принцот Џорџ.

Пред 11 години сите медиумски погледи на светот беа насочени кон болницата „Св. Мери“ во Лондон, каде што тогашната војвотка од Кембриџ, сега принцеза од Велс, го роди своето прво дете, идниот крал на Велика Британија.

Пред болницата „Св. Мери“ со денови ја чекаа новинарските екипи и обожавателите на кралското семејство, а во утринските часови тој ден беше објавено дека војвотката Кејт се пораѓа.

Во попладневните часови беше објавено дека Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, родила машко бебе, во тоа време трет во редот за британскиот трон. Веста за раѓањето на новиот британски принц се најде во сите британски, но и светски медиуми.

Принцот Џорџ Александар Луис ѝ беше претставен на јавноста по само 24 часа, а воодушевената толпа пред болницата првпат го виде. Среќните родители Вилијам и Кејт го изнесоа бебето од „Св. Мери“ пред новинарите, а првите фотографии од новородениот принц веднаш ги преплавија светските медиуми.

Неговото име беше објавено неколку дена подоцна.

Поврзани содржини