Принцот на Дубаи својот џип го позајми на еден необичен пар, а неговиот гест го поздравија сите (ВИДЕО)

Тој дури еден од омилените автомобили за крстарење по пустинските дини го заградил со црвена лента, така што никој не би помислил да го премести

977

Принцот на Дубаи, шеикот Хамдан бин Мухамед бин Рашид Ал Мактум, попознат како принцот Фаза, е голем љубител на добри и скапи автомобили, но и на животни. И кога тој треба да избере кого повеќе ќе го претпочита, се чини дека тој ќе одлучи за второто.

Пред некое време, на една гулабица особено и се допаднала шофершајбната од џипот на принцот Фаза, па решила таму да направи гнездо таму. Принцот веднаш ги споделил овие информации со своите следбеници на Инстаграм, а потоа ги информирал дека решил да не го вози, затоа што забележал дека птицата таму ги положила своите јајца. Тој дури еден од омилените автомобили за крстарење по пустинските дини го заградил со црвена лента, така што никој не би помислил да го премести и со тоа да го вознемири гулабот и неговата избраничка.

 






Оваа недела пристигнаа две новороденчиња – две прекрасни птици кои се родени во гнездо на хаубата на возилото на наследникот на тронот.

– Понекогаш малите работи во животот се повеќе од доволни“, напиша принцот Фаза со видеото што го сподели на својот профил на Инстаграм.

Гестот на Фаза предизвика дополнителен ентузијазам кај неговите следбеници – видеото го погледнале повеќе од милион луѓе.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fazza (@faz3) on

Поврзани содржини