Шведската принцеза Софија и принцот Карл Филип ја објавија првата фотографија од нивниот новороден син, неколку часа по објавувањето на неговото име.
Семејството ја објави фотографијата на Инстаграм. Се работи за нивниот трет син, шведскиот принц Јулијан Херберт Фолке, војводата на Халанд. Бебето е родено во петокот, 26 март, во болница близу Стокхолм. Двојката претходно ги имаше принцот Александар, роден во април 2016 година и принцот Габриел – во август следната година.
Новородениот син е седми во редот престолонаследници, за шведската круна и, осми внук на кралот Карл Шеснаесетти Густаф и кралицата Силвија.
ФОТО: Инстаграм/Твитер