ПРИНЦОТ ХАРИ СВЕДОЧЕШЕ НА СУД Ќе го разоткрие прикривањето на кралското семејство и малтретирањето на медиумите
Принцот Хари во понеделникот ненадејно се појави во Лондон за да присуствува на правниот случај во кој тој и други истакнати луѓе ја тужат медиумската компанија АНЛ за незаконско собирање информации, а сега тој и сведочеше на суд.
Принцот Хари во понеделникот ненадејно се појави во Лондон за да присуствува на правниот случај во кој тој и други истакнати луѓе ја тужат медиумската компанија АНЛ за незаконско собирање информации, а сега тој и сведочеше на суд.
Војводата од Сасекс вчера активно присуствуваше на судењето и даде изјава како сведок во која тврди дека кралското семејство го принудило да го следи правилото „никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“ кога станува збор за справување со медиумите.
„По смртта на мајка ми во 1997 година, кога имав 12 години, морав да го трпам притисокот на медиумите со кои оттогаш имав заладени односи и го следев семејното правило од кое нема отстапување“, рекол принцот Хари. Потоа се осврнал на промените што следеле откако почна да излегува со сегашната сопруга Меган Маркл.
„Ми беше многу тешко да се воздржам од обраќање до медиумите откако следеа бројни обвинувања, малтретирања, напади и расистички текстови за Меган“, рекол тој, додавајќи дека работите само се влошиле кога неговата избраничка забременила со нивниот прв син Арчи во мај 2019 година и дека има докази дека неговиот мобилен телефон бил хакиран уште во 2018 година.
„Институцијата без никакво сомневање ми криеше информации за тоа дека мојот мобилен телефон е хакиран од НГН. Не е претерување да се каже дека сè тргна низбрдо кога решив да се преселам од Велика Британија во 2020 година“, изјавил Хари пред судот, додавајќи:
„Јас не ја покренувам оваа тужба само за себе затоа што којзнае колку други членови на семејството биле следени на овој начин. Доказите што ги видов покажуваат дека новинарите на АНЛ се криминалци кои имаат посебни овластувања поради нивниот статус на новинари. Британската јавност заслужува да знае сè за ваквото прикривање, а чувствувам дека е моја одговорност да го направат тоа“, заклучил принцот Хари.
Сослушувањето на сведоците ќе трае четири дена, а меѓу лицата кои ја тужат АНЛ се и познати личности како Елтон Џон и Елизабет Харли. Според магазинот „Пипл“, принцот Хари најверојатно нема да ги види својот татко и братот во текот на престојот во Британија бидејќи принцот Вилијам поминува време со семејството додека на децата им траат школските празници, а кралот Чарлс Трети оваа недела оди во Германија.