Принцот Хари се врати дома без Меган, наместо семејството, го пречека кралското обезбедување
Принцот Хари допатувал во текот на ноќта меѓу неделата и понеделникот од Лос Анџелес во Лондон за да присуствува на погребот на неговиот дедо, војводата од Единбург, принцот Филип, на 17 април.
Принцот Хари бил снимен од новинарите на таблоидот „Сан“ додека се симнувал од летот од Лос Анџелес во 1:15 часот по лондонско време.
Принцот Хари бил пречекан на пистата на аеродромот од припадници на кралското обезбедување и од полицијата.
Тој го напуштил аеродромот во ренџ ровер, под придружба.
Медиумите претпоставуваат дека принцот Хари ќе го помине времето до погребот во Нотингем котиџ на Кенсингтонската палата, каде што живеел со Меган Маркл на почетокот на бракот.
Неговата сопруга, која е во третиот триместар од бременоста, останува во Лос Анџелес „по советот на лекар“.
Според законот, принцот Хари треба да помине десет дена во карантин, но ќе му биде дозволено да присуствува на погребот ако по пет дена неговиот тест за ковид-19 биде негативен.
Војводата од Сасекс пристигна на погребот откако разговарал со неговиот татко, принцот Чарлс.
Принцот Чаарлс соопштил дека „се радува“ да го види својот син.
Медиумите шпекулираат дека семејството Виндзор ќе го искористи времето до погребот за да ги залечи раните предизвикани од неодамнешното контроверзно интервју на принцот Хари и Меган Маркл со Опра Винфри.
Интервјуто го донесе младиот принц од третиот најпопуларен член на кралското семејство до третиот најнепопуларен.
Меѓутоа, според протоколот, во текот на двете недели жалост во кралското семејство, единствена тема на разговор би можеле да бидат нивните спомени за принцот Филип.
На медиумите им беше откриено и дека кралицата Елизабета Втора била со нејзиниот сопруг во последните моменти од неговиот живот, како и дека војводата од Единбург починал „уживајќи во сонцето“.
Разјаснета е уште една дилема – принцот Филип, крстен во црквата Свети Ѓорѓи на Крф, ќе биде погребан во кралскиот гроб на капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор, а не во градината Фрогмор како што тој сакаше.