ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ПРОСТИ ОД КРАЛИЦАТА Сè е празно без тебе, ти благодарам на заразната насмевка

Принцот Хари објави соопштение, оддавајќи почест на „непоколебливата грациозност и достоинство на својата баба кои останаа верни во текот на нејзиниот живот“ и смета дека тоа е нејзино „вечно наследство“.

621

Принцот Хари (37) во неделата им кажа на насобраните дека замокот Виндзор е „осамено место“ без неговата покојна баба, кралицата Елизабета Втора, а сега објави соопштение во кое со емотивни зборови се присети на својата баба и се збогува со неа.

Војводата од Сасекс отпатува во замокот Виндзор од Балморал во петокот рано наутро, каде ги поздрави локалните жители кои се собрале по улиците во чест на долгогодишната кралица, која почина во четвртокот на 96-годишна возраст.






– Сега Виндзор е осамено место без неа – им рекол Хари на ужалените, пишува „Сан“.

– Во која просторија и да беше, се чувствуваше нејзиното присуство – додал тој.

Принцот Хари сега објави соопштение, оддавајќи почест на „непоколебливата грациозност и достоинство на својата баба кои останаа верни во текот на нејзиниот живот“ и смета дека тоа е нејзино „вечно наследство“, јавува „Би-би-си“.

– Прославувајќи го животот на мојата баба, Нејзиното Височество Кралицата и жалејќи ја нејзината загуба, сите се потсетуваме на компасот водилка која таа беше за многумина во нејзината посветеност на службата и должноста – напишал тој и се потсетил на зборовите што ги рекла по смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип.

– Животот, се разбира, се состои од конечни разделби како и од први средби – рекол Хари.

– Бабо, иако оваа последна разделба ни носи голема тага, вечно сум благодарен за сите наши први средби, од моите најрани детски спомени со тебе, до првата средба со тебе како врховна командантка, до првиот момент кога ја запозна мојата драга сопруга и ги прегрна своите сакани правнуци – се присетил тој.

Тој вели дека го цени времето што го делел со неа и исто така истакнува дека го почитува својот татко во новата улога на кралот Чарлс Трети.

– Ви благодариме за посветеноста на службата. Ви благодариме за добрите совети. Ви благодариме за вашата заразна насмевка. И ние се насмевнуваме знаејќи дека вие и дедо сте сега повторно заедно и двајцата заедно во мир – завршил во соопштението.

 

Поврзани содржини