Принцот Хари се јави со видео од Лос Анџелес и покажа како изгледа дома: Раскопчана кошула и бушава коса ВИДЕО

3,419

Принцот Хари вчера со видеоповик се јави на Здружението „Well Child“ и разговараше со родителите на децата со пречки во развојот кои се посебно загрозени во пандемијата на коронавирусот.

Принцот се појави пред камерата во домашно издание и му покажа на светот дел од неговиот дом во Лос Анџелес каде живее со сопругата Меган Маркл и нивниот син Арчи. За многумина беше невообичаено да се види принц со бушава коса и раскопчана кошула.






Принцот со години беше поддржувач на здружението „Well Child“. Иако веќе не се во служба на кралското семејство, Меган и Хари ја продолжуваат својата добротворна работа во неколку здруженија во Велика Британија.

Поврзани содржини