Принцот Хари сака да се смири со брат му, ама Меган не дава
Во книгата „Битка на браќата“ на Роберт Лејси, опишано е токму како овие мејлови остро ги раскарале принцовите. Вилијам бил на страната на своите вработени и персоналот во палатата, додека Хари ја бранел својата жена Меган. Кој кого навредувал во Кенсингтон?
Принцот Хари е подготвен да признае дека згрешил со својот „дрзок темперамент“ – но Меган Маркл и принцот Вилијам нејќат да се потрудат да ја поправат работата, познат историчар му дошепнал на Њузвик, пишува МСН.
Двата принца ќе се видат в четврток на подигнувањето на бистата на нивната мајка принцезата Дијана, откако претходно не успеаја да се „смират“ на погребот на принцот Вилијам.
– Од една страна го имаме (принцот) Вилијам кој не изгледа спремен да признае ништо, но од другата го имаме Хари, за кој, пријатели ми кажуваат дека не би му пречело да се смири со брат му и тогаш испаѓа дека Меган е таа која уште нејќе да ги закопа секирите за оваа работа – вели историчарот.
„Невозможната“ Меган
Меган беше обвинета дека навредила двајца лични асистенти и еден член од персоналот преку е-мајл во октомври 2018 година. Во декември таа почнала да им пишува мејлови со разни барања на вработените дури и во 5 наутро, што ги иритирало. Според некои приказни, Меган правела луѓето околу неа да се тресат или да плачат.
– Би требало двете страни да можат да речат дека минатото е минато. Жално е што Меган не се повлекува ни малку. Зошто таа едноставно не каже дека целата работа била заради притисокот? – прашува истиот историчар.
Во книгата „Битка на браќата“ на Роберт Лејси, опишано е токму како овие мејлови остро ги раскарале принцовите. Вилијам бил на страната на своите вработени и персоналот во палатата, додека Хари ја бранел својата жена Меган.
Како ќе помине подигнувањето на бистата на лејди Дијана на 1 јули и кој со кого ќе се помири, останува да видиме.