ПРИНЦОТ ХАРИ САКА ДА МУ СЕ ВРАТАТ ТАТКО МУ И БРАТ МУ Сака семејство, а не институција

Принцот Хари изјави вчера во новото интервју дека „сака семејство, а не институција“, како и дека „работите не мораа да се случат на овој начин“.

523

Принцот Хари изјави вчера во новото интервју дека „сака семејство, а не институција“, како и дека „работите не мораа да се случат на овој начин“.

Во интервју за А-ти-ви (ITV), кое треба да се емитува во недела, два дена пред објавувањето на неговите долгоочекувани мемоари, принцот Хари вели дека сака татко му и брат му да се вратат, објави „Гардијан“.






– Би сакал татко ми да се врати. Би сакал мојот брат да ми се врати – изјави војводата од Сасекс.

Тој исто така тврди дека „тие (палатата) мислат дека е подобро да нѐ чуваат како негативци“ и дека не покажале ни трошка волја да се помират.

Интервјуто е снимено во Калифорнија, каде Хари и Меган живеат со нивните две деца, а како што се наведува во соопштението, ќе открие многу детали за животот внатре и надвор од кралското семејство.

 

Поврзани содржини