Принцот Хари првпат фотографиран по шокантното интервју, неговото лице открива како се чувствува ФОТО

4,507

По интервјуто за Опра Винфри, јавноста со нетрпение ги чекаше реакциите на членовите на кралското семејство. И принцот Вилијам и Кејт Мидлтон беа фотографирани многу вознемирени и речиси бесни на моменти, а сега папараците конечно успеаја да го фотографираат и Хари.






Меѓутоа, на најновите фотографии, принцот Хари изгледа многу загрижено.

Папараците го фотографирале додека бил во лежерно возење електричен велосипед низ Мотесито во Калифорнија, а принцот, како и секогаш, бил придружуван од обезбедувањето.

Лицето го скрил зад заштитната маска, а носел очила за сонце и капа и одвај можел некој да го препознае. Судејќи според фотографиите, британскиот принц не бил премногу расположен, а сериозниот израз на лицето оддавал загриженост.

Односите меѓу кралското семејство се затегнати веќе една година, откако Хари и Меган решија да ги напуштат службените должности, а сè дополнително се влоши со интервјуто за Опра во кое беа презентирани некои шокантни детали. Меѓу другото, Меган ги обвини за расизам, откри детали од конфликтот со Кејт Мидлтон, но отворено зборуваше и за намерите да си го одземе животот, додека Хари рече дека се чувствувале како да се во затвор.

Кралицата Елизабета тогаш даде официјална изјава велејќи дека се чувствува многу загрижена за сè, додека Вилијам им изјави на новинарите дека тие во никој случај не се расистичко семејство и дека тој ќе разговара со неговиот брат, кој, како што навела Гејл Кинг, пријателка на семејството, не поминало во најдобар ред.

Prin Hari

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини