ПРИНЦОТ ХАРИ ПРОГОВОРИ ЗА ДОЛГООЧЕКУВАНАТА СРЕДБА СО КРАЛИЦАТА Еве што рече…

Тоа беше првпат Меган (40) и Хари (37) во последните две години да се сретнат со кралицата и да разменат зборови и мислења.

1,088

Принцот Хари конечно проговори за тајниот состанок помеѓу него и неговата сопруга Меган Маркл со кралицата Елизабета Втора минатата недела. Додека светската јавност нетрпеливо чекаше Бакингемската палата да ја објави средбата и резултатите од претпоставените преговори, таа молчеше, но затоа новинарите на Би-би-си успеаја да извлечат скриени информации од Хари.

Имено, тој кратко рече дека „било прекрасно што ја видел“. И дека, можеби изгледа кратко и политички коректно, но тоа говори во прилог на тоа дека средбата била од мирен карактер и дека може да се очекува решение на проблемот и нормализирање на односите помеѓу припадниците на сината крв. Тоа беше првпат Меган (40) и Хари (37) во последните две години да се сретнат со кралицата и да разменат зборови и мислења, а главните актери на Мегзит по краткиот престој на британскиот остров заминаа во Холандија. да присуствуваат на игрите Инвиктус.






„Сан“ откри дека Хари поттикнувал преговори за да се сретне, на прво место, со татко му Чарлс и Камила, а потоа и со неговата баба – кралицата.

Тоа беше првпат Хари и Меган да го видат семејството заедно откако ги напуштија кралските должности и заминаа во Калифорнија.

„Беше прекрасно да ја видам и сигурен сум дека би сакала да биде тука ако може“, рекол Хари за неочекуваната посета на патот за Холандија.

Водителот Алекс Џонс и пријател на Хари, поранешниот кралски маринец Џеј Џеј Чалмерс, го интервјуираа војводата од Сасекс за Би-би-си во Хаг, каде што се одржуваат споменатите игри.

„На патот наваму, свративте да ја видите кралицата. Дали таа имаше убави пораки за тимот на Велика Британија?“, праша Џонс.

„Таа имаше многу пораки за нашиот тим, кои веќе им ги пренесов на мнозинството“, одговори Хари.

Бакингемската палата, сепак, не го коментираше состанокот, средбата, преговорите и потенцијалните договори.

 

Поврзани содржини