Принцот Хари конечно ќе оди во Лондон, но без сопругата и синот: Меган ја откачи кралицата?!

1,616

Според потврдите од повеќе различни извори, на почетокот од ова лето принц Хари конечно би требало да го посети своето семејство во Лондон, но изгледа дека на тоа патување нема да му се придружи сопругата Меган Маркл, како ниту нивниот син, малиот Арчи, кого членовите на кралското семејство последен пат го виделе кога имал само шест месеци.

Доколку сè оди според планот, Хари ова лето за првпат откако ја напуштиле Велика Британија би требало да го види своето семејство. Иако плановите не се до крај финализирани и сè зависи од понатамошниот развој на пандемијата, што со себе повлекува и рестрикции за патувања, се зборува дека принц Хари (36) за Лондон ќе тргне сам.






Иако можеби би се претпоставило дека Меган не сака да го посети семејството на сопругот од приватни причини, наводно причината е за тоа е да се одбегнат непотребните дипломатски драми поради нејзиното доаѓање, односно за да не ги засени главните настани.

Меган и Хари, инаку, бил очекувани на главните настани во јуни, кои ги вклучуваат Trooping the Colour, но и прославата на 100. роденден на принц Филип и 95. роденден на кралицата Елизабета Втора, како и откривањето на новата статуа на принцезата Дијана во јули, во Кенсингтонската палата.

Свесни дека сето тоа би можело да предизвика вистинска медиумска бура, поради што вниманието би се пренасочило на други работи, Меган и Хари сè уште размислуваат дали е потребно и таа да биде присутна во Велика Британија.

 

Поврзани содржини