Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл работат на заеднички ТВ-проект и најавуваат спортски игри пред камерите, кои имаат за цел да ги рехабилитираат повредените и болните.
Компанијата на војводата и војвотката од Сасекс „Archewell Productions“ ја најави првата документарна серија што ќе се прикажува на „Нетфликс“, наречена „Срцето на Инвиктус“ (Heart Of Invictus).
„Срцето на Инвиктус“ ќе ги следи искуствата на учесниците на ова спортско натпреварување за повредени поранешни припадници на воените сили, чиј покровител е Хари. Принцот Хари е извршен продуцент на серијата.
Војводата и војвотката од Сасекс лани потпишаа договор со „Нетфликс“, за кој се смета дека вреди милиони фунти, пишува порталот „Њузскај“.
Продукцијата најавува дека серијата ќе следи група луѓе од целиот свет, кои како припадници на вооружените сили „претрпеле повреди или болести што им го смениле животот“, на патот кон „Игрите на непоразените“.
Целта на серијата е да им обезбеди психолошка и физичка рехабилитација.
Игрите „Инвиктус“ се организираат за ранетите војници кои се натпреваруваат во повеќе спортови, а ги основал самиот принц Хари во 2017 година, кој служел војска во Авганистан.
Игрите, кои беа закажани во Хаг, Холандија, во 2020 година, беа откажани поради пандемијата на коронавирусот. Секој натпреварувач ќе придонесе на свој единствен начин во приказната за отпорноста и решителноста. Оваа серија ќе биде како прозорец кон трогателните и возбудливи приказни на овие натпреварувачи на пат кон Холандија.
„Јас сум многу возбуден за целиот проект и горд на заедницата „Инвиктус“, рекол принцот Хари.
Хари и Меган живеат во Северна Калифорнија откако трајно го напуштија британското кралско семејство.
Prince Harry has been a champion of the Invictus Games since its inception so it’s fitting that Archewell’s first Netflix series will spotlight and celebrate the competition’s amazing athletes.
Heart of Invictus will follow the competitors as they prepare for 2022’s games. pic.twitter.com/yM7t2qdBsw
— Netflix (@netflix) April 6, 2021
View this post on Instagram