Принцот Филип ја предаде воената дожност, и тоа на Камила

590

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, по 67 години, го предаде покровителот над пешадискиот полк „Пушки“ на сопругата на принцот Чарлс, Камила.

Во едeн од ретките настапи на 99-годишниот принц во јавноста, церемонијата се одржа во средата во замокот Виндзор.






Војвотката од Корнвол, Камила, ја прими новата улога во посебна церемонија во нејзиниот дом во Глочестер.

Филип беше командант полковник на „Пушки“ од формирањето во 2007 година, но неговата поврзаност со полкот потекнува од 1953 година, кога командуваше со формациите од кои е составен тој полк, пренесува „Ројтерс“.

 

Поврзани содржини