Ќерката на Меган Маркл (39) и принцот Хари (36), Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатен-Виндзор се роди минатиот петок, на 4 јуни. Кралското семејство им честиташе на својот официјален профил на Инстаграм.
„Им честитаме на војводата и војвотката од Сасекс за раѓањето на Лилибет Дијана! Кралицата, принцот од Велс и војвотката од Корнвол и војводата и војвотката од Кембриџ се воодушевени од веста. Лилибет е 11-та правнука на Нејзиното Височество“, напишале под фотографијата на Меган и Хари.
И таткото на Меган, Томас, им упати честитки преку британските медиуми, и покрај тоа што двојката со него не разговара.
Принцот Чарлс (72) досега во јавноста не зборуваше за раѓањето на неговата внука, но тој, сепак, ги изразил своите чувства при посетата на фабриката БМВ Мини.
– Технолошкиот развој, како што се електричните возила, е клучен за одржување на здравјето на нашиот свет за идните генерации, а јас сум особено свесен за тоа денеска, кога станав дедо по петти пат – рекол принцот од Велс.
„Ова се навистина прекрасни вести што ме потсетуваат на неопходноста од иновации на ова подрачје, особено во однос на технологијата на одржливите батерии, во контекст на наследството што им го оставаме на нашите внуци“, заклучил британскиот престолонаследник.
Да потсетиме, принцот Хари во големото интервју со Опра Винфри зборуваше за недостатокот на родителски вештини на неговиот татко и изрази незадоволство од начинот на кој принцот Чарлс го третирал.