Британскиот принц Чарлс (72), како што пренесуваат западните медиуми, безволно, „кисело“ се насмевнал на прашањето за коментар на интервјуто на неговиот син, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл кај Опра Винфри.
Принцот од Велс, Чарлс завчера го имаше своето прво јавно појавување по интервјуто, како што објави „Мирор“. Тој носел заштитна маска и одбил да ги коментира прашањата на новинарите кои се појавија пред местото за вакцинација кај околната црква.
Откако ја напуштил црквата, новинар го прашал принцот Чарлс што мисли за интервјуто, по што принцот „кисело се насмевна“, како што објавија тамошните медиуми. Во шокантното интервју, принцот Хари, меѓу другото, рече дека татко му престанал да му одговора на телефонските повици.