Принцезата Шарлот ќе го слави петтиот роденден, откриено како ќе учествува кралицата
Британската принцеза Шарлот ќе го прослави својот петти роденден со торта, игра и видеоповик на Зум со својата прабаба, кралицата Елизабета Втора.
Војводата и војвотката од Кембриџ организираат видеоповик за Шарлот за следната сабота да ја помине со семејството и пријателите и притоа да се придржуваат на мерките за физичко растојание воведени во борбата против пандемијата.
Вилијам, Кејт и нивните три деца – шестгодишниот принц Џорџ, славеничката Шарлот и двегодишниот принц Луис – се во изолација во Норфолк, но ќе се потрудат Шарлот да се забавува на својот роденден следната недела и покрај околностите на кои коронавирусот го принуди светот.
Вилата Анмер Хол, свадбениот подарок на кралицата на Вилијам и Кејт, се наоѓа на пространот имот Сандринхем. Семејството може да ужива во долгите прошетки и пикниците, а и понатаму ќе во изолирација.
– Прабабата ќе ѝ се придружи на нејзиниот голем ден – открил извор за британски „Сан“.
Кралицата престојува во замокот Виндзор со сопругот. Војводата од Единбург, 98-годишниот принц Филип и е многу приврзана на малечката Шарлот и треба да учествува и во видео повикот.