ПРИНЦЕЗАТА СЕ ВРАТИ ДОМА Шарлин ќе закрепнува покрај сопругот и децата

Во соопштението од палатата во Монако оваа информација е потврдена и е наведено дека принцезата ќе продолжи да закрепнува покрај сопругот Алберт и децата.

679

Принцезата Шарлин од Монако се врати дома откако мина 4 месеци во психијатриска установа, пренесе магазинот People.

Во соопштението од палатата во Монако оваа информација е потврдена и е наведено дека принцезата ќе продолжи да закрепнува покрај сопругот Алберт и децата.






Шарлин во ноември беше хоспитализирана во една швајцарска клиника поради емотивна и физичка истоштеност. Принцот Алберт претходно за People изјави дека самата одлучила дека треба да се лекува, а нејзината одлука ја поддржале сите членови на семејството.

Според лекарите, принцезата е на добар пат да закрепне. Во соопштението е наведено дека таа ќе се врати на нејзините обврски, штом се подобри нејзината здравствена состојба.

Се очекува тоа да се случи во наредните неколку недели.

„На принцезата сè уште ѝ е потребен мир така што молиме јавноста да ја почитува нејзината приватност“, стои во заклучокот.

Поврзани содржини