📷 ПРИНЦЕЗАТА ОТИШЛА ВО ЦРКВА Кејт Мидлтон првпат снимена по завршената хемотерапија

Британската принцеза Кејт Мидлтон вчера беше фотографирана во јавноста првпат по веста дека завршила со хемотерапијата, откако во март откри дека ѝ бил дијагностициран рак.

1,983

Британската принцеза Кејт Мидлтон вчера беше фотографирана во јавноста првпат по веста дека завршила со хемотерапијата, откако во март откри дека ѝ бил дијагностициран рак.

Принцезата од Велс беше видена како присуствува на Крејти Кирк во Балморал, а беше фотографирана во автомобил со принцот Вилијам. Судејќи по фотографиите, принцезата изгледа добро.

 







Кејт носела еден од нејзините омилени кафеави шешири, кој и претходно го носеше на црковни служби.

На Кејт и Вилијам во црквата им се придружиле и кралот Чарлс Трети и кралицата Камила.

Според медиумите, принцезата полека се враќа на кралските обврски, по девет месеци борба со ракот. Неодамна имала состанок на Корт Сиркулар, но повеќето од задачите се труди да ги заврши дома.

Инаку, на почетокот на септември Кенсингтонската објави снимка од принцезата Кејт во кое се наведува дека ја добила битката со ракот. Таа откри дека чувствува неверојатно олеснување што нејзината превентивна хемотерапија завршила по „неверојатно тешки и страшни“ девет месеци за неа и нејзиното семејство.

 

Поврзани содржини