Принцезата Латифа откри дека семејството ја чува во заробеништво и како пропаднало бегството од Дубаи (ВИДЕО)

Шеикот, моќен и влијателен човек кој често се гледа во друштво на шефови на држави, како и покрај кралицата Елизабета Втора, порано изјави дека неговата ќерка е безбедна и здрава.

653

Се појавија нови детали за принцезата Латифа, ќерката на шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум, којa во 2018 година го привлече вниманието на јавноста, бидејќи се обиде да побегне од земјата.

Сепак, нејзиниот план пропадна и оттогаш речиси ништо не се знаеше за неа.






Оваа недела низ светот се споделуваше видео во кое принцезата тврди дека живее во заробеништво, во притвор во вила.

На видеото, кое наводно го снимала во тајност во бањата, принцезата открила како го планирала бегството пред три години и кога сфатила дека планот не успеал.

– Слушнав звук на чизми, истрели од пиштол и луѓе врескаа. Никој од екипажот не носеше чизми. Така знаев дека некој се качува, а звукот на истрели беше близу – рече принцезата.

Таа се обиде да избега од своето семејство во 2018 година со брод преку Индискиот Океан, но беше присилно вратена во Дубаи. Нејзиното семејство изјави дека ова е „мисија за спасување“, откако таа била „измамена од криминалци кои барале пари“.

Шеикот, моќен и влијателен човек кој често се гледа во друштво на шефови на држави, како и покрај кралицата Елизабета Втора, порано изјави дека неговата ќерка е безбедна и здрава. Семејството рече дека сакаат да ја зачуваат нејзината приватност.

Откако ја вратиле во Дубаи, Латифа наводно ја чувале во затворската ќелија, а потоа и во кралската вила со решетки на прозорците и чувари.

Како што рече на видеото, тие ја држат како „заложник во вила“, за која „Sky News“ наведува дека се наоѓа во близина на популарното туристичко место Џумеира Бич. Една пријателка успеа тајно да и го достави телефонот, со кој таа го сними најновото видео.

Таа и нејзината најдобра пријателка Тина Јаухиаинен отидоа под палубата да спијат на 4 март 2018 година, кога се случи нападот.

– Ја затворивме вратата, го исклучивме светлото и се скривме во бањата. Знаевме дека опасноста доаѓа одозгора – рече таа на видеото.

Просторијата во која се криеле набргу била исполнета со чад, што ги принудил да излезат на палубата, каде се соочиле со вооружени мажи.

– Тие го насочија оружјето кон нас. Јас постојано велев дека не можат да ме вратат, дека сакам азил и дека сме во меѓународни води. Реков дека не можат да ме киднапираат. Никој не се грижеше за тоа – додаде принцезата.

Таа рече дека три пати и бил инјектиран седатив, но дека продолжила да се бори.

– Се борев до последниот момент. Ме ставија на носила, ми ги врзаа нозете. Додека ме носеа во авионот, се онесвестив – се присетува Латифа.

По враќањето во Дубаи, ја ставија во затвор, а таа исто така опиша како изгледа тој. Таа рече дека ја натерале да се истушира ​​бидејќи облеката и беше крвава. Таа во видеото рече дека е „заложник кој беше претепан, дрогиран и затворен“.

Обединетите нации објавија дека ќе го покренат прашањето за апсењето на принцезата Латифа од властите на Обединетите Арапски Емирати.

Поврзани содржини