Принцовите Вилијам (37) и Хари (35) наскоро ќе се соочат со ново страдање, пишува „Дејли мејл“. На „Нетфликс“ излегува контроверзниот документарец „Да се биде: Дајана“ (Being Me: Diana), кој ги следи животните турбуленции на нивната почината мајка, принцезата Дајана.
Документарниот филм го изнесува скандалозното тврдење дека принцезата се обидела да си го одземе животот четири пати. Продуцентите планираат четири продолженија, а приказната ќе ја следи борбата на принцезата за нејзиното нарушено ментално здравје, нарушувањата во исхраната, несреќниот брак со принцот Чарлс (71) и болното детство.
– Вилијам и Хари ќе бидат многу вознемирени и лути – изјавил анонимен извор за британските медиуми.
„Нетфликс“ веќе соработуваше со принцот Хари, а тој и сопругата Меган (38) во моментов преговараат со стриминг сервисот за идниот проект, па се шпекулира дека овој документарец ќе ги наруши нивните односи.
Документарецот, кој се подготвува, наводно ќе ги прикаже невидените снимки на принцезата Дајана ве периодот од 1990 до 1992 година, а ќе ја следи нејзината внатрешна борба пред нејзината одлука да се развеве од принцот Чарлс. Ниту кралското семејство ниту семејството на принцеза Дајана нема да бидат вклучени во документарецот, тие одбиле да зборуваат или снимаат.