Принцезата од Велс Кејт Мидлтон денеска ги изненади пациентите со рак во болницата Марсден во Лондон, односно во истата болница каде што таа се лекуваше минатата година.
За време на нејзината посета, Кејт им се заблагодари на вработените во болницата за нивната грижа и поддршка откако лани се соочи со страшната дијагноза, а имаше емотивни средби со пациенти кои во моментот минуваат низ лекување.
– Третманите се навистина толку различни и толку разновидни, што различно влијае на семејствата – рече Кејт за Би-Би-Си.
Портпаролот на Кенсингтонската палата рече дека принцезата сакала да ја направи оваа посета за да ја покаже својата благодарност кон неверојатниот тим, но и да ја истакне водечката светска грижа и третман што ги обезбедува Марсден.
Набргу по нејзината посета, Кенсингтонската палата објави дека Кејт и нејзиниот сопруг принцот Вилијам станале заеднички покровители на фондацијата „The Royal Marsden NHS Foundation“.