Примив две вакцини, но дали да примам и трета доза?
Третата доза треба да ја земаат лица постари од 60 години, бидејќи, по правило, имунитетот им е послаб, а имаат и други болести. Кај помладите веројатно, прво ќе се испитува. Доколку се утврди дека имунитетот трае шест месеци по вакцинирањето, тогаш третата доза треба да се даде по шест месеци. Дали ќе може да се прими трета доза од друг производител? Не треба да се бега од коктели, вели д-р Миланко Шеклер.
Додека нашите соседи размислуваат за нови мерки против корона наесен, на масата веќе е и прашањето како и кога ќе се вакцинираме со третата доза. Србија, на пример, на 1 август ќе одлучи за трето боцкање, а за сите дилеми на граѓаните одговори даде д-р Томислав Радуловиќ, епидемиолог и експерт од областа, пишува Блиц.
1. Колку време треба да помине од првите две дози?
– Доколку се утврди дека имунитетот трае шест месеци по вакцинирањето, тогаш третата доза треба да се даде по шест месеци. Ако имунитетот трае една година, тогаш една година – нагласува д-р Радуловиќ.
Со други зборови, секој пациент ќе треба да биде прегледан за да се види колкав имунитет има тој во моментот.
Обединетите Арапски Емирати започнаа да ја користат третата доза на вакцината во март. Во таа земја, третата доза на вакцина Синофарм ја примија само мал број луѓе кај кои тестот за антитела покажа дека не добиле соодветен имунолошки одговор. Неодамна, ОАЕ и Бахреин ја понудија вакцината Фајзер како трета доза на оние првично имунизирани со вакцината Синофарм.
2. Третата доза ќе ја примаат сите или само некои пациенти?
– Прво, третата доза треба да ја земаат лица постари од 60 години, бидејќи, по правило, имунитетот им е послаб, а имаат и други болести. Тие први ги примија првите две дози на вакцината, па логично е сега да ја примат и третата, затоа што поголемиот дел од времето поминало помеѓу вакцините – смета д-р Радуловиќ.
3. Кои граѓани ќе бидат приоритетни?
Старите мажи би требало да имаат приоритет на старите жени над 60 години, иако и двете се во приоритетна група, смета д-р Миланко Шеклер од Ветеринарниот институт во Краљево.
– Нивната реакција на вакцината е многу послаба отколку кај луѓето со просечна возраст и просечно здравје – спомена Шеклер.
4. Ќе има ли масовно тестирање на антитела за да се утврди дали луѓето имаат имунитет?
– Тестот за антитела не го покажува вашиот клеточен имунитет. Можете да имате антитела на тестот, но вашето тело треба да реагира веднаш штом дојде во контакт со ковид и да започне да произведува антитела – нагласува Радуловиќ.
Ова доаѓа како изненадување, бидејќи голем број луѓе прават тестови за антитела за да го проверат својот имунитет.
5. Дали ќе добиеме иста или различна вакцина?
Хаосот со пристигнување на вакцините во Македонија направи да имаме од сите вакцини по малку и да не може да се бира со која би се вакцинирале. Дали ќе биде исто и за третата доза? Астра Зенека, Фајзер, Синофарм и најскоро пристигнатата Синовак, изгледа пак ќе бидат во игра.
Не треба да се бега од комбинацијата на вакцини, кратко и јасно одговара вирологот Миланко Шеклер од Краљево.
6. Ќе одиме ли и по трета доза до Врање и Белград?
Секако, оние македонските граѓани кои отидоа во Врање и Белград можеа да избираат со која вакцина ќе се вакцинираат за првите две дози. Но, тоа не мора да биде случај за третата.
Според зборовите на д-р Шеклер, Србија прво ќе ја испитува досегашната успешност на вакцините, кои биле нус-појавите, за да може да се оцени дали граѓаните третата доза ќе ја добијат само од еден или пак од повеќе производители.
– Ако нема податоци за тоа, и клиничка студија за тоа, повикувам да волонтирам и да најдам 50 лица да ја тестираат комбинација на две вакцини – заклучува д-р Шеклер.
Во меѓувреме и Македонија е на нозе. Се размислува за воведување забрана за влез во затворени простории за невакцинираните, а во Грција од денеска за истото ќе се плаќа казна од 300 евра. И Грција, а и Франција најавија дека наесен ќе воведат задолжителна вакцинација за старите лица и за сите лекари, Португалија неодамна го врати полицискиот, а Германија размислува за враќање на старите мерки.