ПРИМИТИВИЗАМ И ГОВОР НА ОМРАЗА ОД ИСМЕТ РАМАДАНИ Најостро го осудуваме настапот на советникот на Ковачевски, реагира ДС

Демократскиот сојуз бара Исмет Рамадани да му се извини на новинарот на Канал 5 Александар Видиновски, како и на јавноста.

615

Демократскиот сојуз најостро го осудува настапот на Исмет Рамадани на Канал 5 со кој неосновано, неаргументирано и клеветнички грубо го нападна новинарот Александар Видиновски со што директно ги загрозува новинарите и слободата на говорот.

„Исмет Рамадани во недостиг на аргументи во одбраната на Димитар Ковачевски и Артан Груби во обидот преку Врховниот суд да ја активираат одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на 56 функционери и нивно ослободување од кривична одговорност, манифестираше примитивизам и говор на омраза на етничка основа.






Демократскиот сојуз бара Исмет Рамадани да му се извини на новинарот на Канал 5, како и на јавноста.

Ваквите дрски и неаргументирани напади нема да им помогнат на евроинтеграциските процеси, ниту ќе придонесат за јакнење на единството и заштита на виталните државни интереси.

Слободата на говорот, јавното изразување и објективноста се темелни вредности на новинарската професија неопходни за развој на демократијата“ – се вели во реакцијата на Демократски сојуз.

Поврзани содржини