ПРИМИРЈЕТО ВО ГАЗА Е МАСКА?! Протече таен план на Нетанјаху – Израел пак ќе удри по 60 дена
По прекинот на огнот, ќе ја дислоцираме населението од Газа кон јужниот дел и ќе воспоставиме целосна блокада на северот, му рекол наводно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на министерот за финансии Базалел Смотрич, кој инсистира на цврсти уверувања дека офанзивата ќе продолжи со ист интензитет штом заврши примирјето.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, му ветил на министерот за финансии, Безалел Смотрич, на неодамнешни состаноци, дека Израел ќе ја продолжи војната против Хамас во Газа по предложениот 60-дневен прекин на огнот, кој моментално се разгледува во Доха, објави Канал 12, пренесе Тајмс оф Израел.
– По паузата, ќе ја префрлиме популацијата од Појасот Газа кон југ и ќе воспоставиме опсада на северната Газа – наводно му рекол Нетанјаху на Смотрич, кој бара гаранции од премиерот дека војната ќе продолжи со полна сила по завршувањето на примирјето.
Во разговори зад затворени врати, Нетанјаху го претставил планот на Израел – одвојување на цивилното население од Хамас и негово држење во јужниот дел на Газа – како хуманитарна неопходност, која ќе овозможи продолжување на конфликтот по завршувањето на преодната пауза.
Нетанјаху го уверил министерот дека ќе го исполни ветувањето, укажувајќи на планирањето на минатомесечниот конфликт со Иран како причина што не успеал да ги исполни претходните очекувања на Смотрич за уништување на Хамас.
– Досега бев зафатен со Иран – сега можам да се погрижам армијата да ги следи моите инструкции – го цитира Канал 12 премиерот.
Смотрич и министерот за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, предупредиле дека ќе ја напуштат владата доколку се постигне договор што ќе ја заврши војната во Газа, а Хамас остане на власт. И двајцата министри, според извештаите, биле повикани на состаноци со Нетанјаху во последниве денови, како дел од тековните напори за постигнување договор.