ПРИМЕТЕ ВАКЦИНА НА КАСА ВО СУПЕРМАРКЕТ Австрија бесплатно ги „боцка “ луѓето кои ќе одат по леб и млеко

Одите по леб и млеко наутро? Сега е шансата на каса да го дигнете ракавот и да си завршите работа. Во супермаркетите „Била, Била Плус“ и „Пени“ ова веќе е можно, а граѓаните можат да се вакцинираат и во автобус, во трговски центар или на разни јавни настани низ градовите.

374

Без претходно да се најават, од денес Австријците можат бесплатно да се вакцинираат на благајна во супермаркет, пренесува 24сата. Досега дури 64.000 луѓе се вакцнирани на овој начин.

Одите по леб и млеко наутро? Сега е шансата на каса да го дигнете ракавот и да си завршите работа. Во супермаркетите „Била, Била Плус“ и „Пени“ ова веќе е можно, а граѓаните можат да се вакцинираат и во автобус, во трговски центар или на разни јавни настани низ градовите.






Мерката веќе дава успеси. Во првите три дена во автобусите биле дадени 400 дози „Џонсон&Џонсон“ на постарите, а Бајонтек Фајзер на помладите од 18 години. Од сите општини во Виена, најголем одзив имало во Ројманплац.

Со оваа владина мерка Австрија сака да го забрза вакцинирањето на своето население, од кое досега веќе 57,8 отсто е целосно имунизирано. Во бројки, тоа се 5,12 милиони луѓе.

И покрај одлични бројки, бројот на нови заразени со корона во Австрија е во пораст.

Поврзани содржини