ПРИЛОЖЕТЕ ГО РЕЗУЛТАТОТ ОД КОРОНА-ТЕСТОТ Бухова да не дава политички изјави во корист на Зечевиќ
Бухова наместо да биде портпарол на СДСМ, нека се однесува како што и прилега на позицијата која ја држи, и да го покаже резултатот од тестирањето на Зечевиќ, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова, да не дава политички изјави, туку да го покаже резултатот од ковид-тестирањето на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Бухова наместо да биде портпарол на СДСМ, нека се однесува како што ѝ прилега на позицијата која ја држи, и да го покаже резултатот од тестирањето на Зечевиќ. Зечевиќ е позитивен и тој на Водици во Охрид ширел корона. Зечевиќ е неодговорен исто како и Зоран Заев и цело СДСМ кои се виновни за 8.000 починати и за барање провизии од вакцини. Институциите наместо да бидат во служба на СДСМ, да му поднесат кривична пријава на Зечевиќ“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.