ПРИЛИЧНО БИЛ СИГУРЕН ДЕКА ЌЕ ИМА НОВИ БУГАРСКИ БАРАЊА На Бујар Османи му текна

Прашан дали има гаранции оти Бугарија нема да поставува натамошни барања по евентуалното усвојување на уставните измени, Османи вели дека никој не може да знае што ќе донесе следниот ден, пренесува Дојче веле.

1,059

Министерот за надворешни работи Бујар Османи само за 3,5 месеци со дијаметрално спротивни ставови во однос на бугарските условувања на Македонија за вистински почеток на преговорите за членство во Европската унија.

Откако на 7 јуни гарантираше дека Бугарија нема да има нови услови за Македонија, убедувајќи дека впишувањето на Бугарите во Уставот е последното барање од официјална Софија, шефот на дипломатијата со спротивно очекување на 28 септември.






– За жал, често сме биле разочарани, а динамиката во бугарската политика е толку несигурна што не се знае што ќе донесе утрешниот ден. Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања. Но, за мене е важно што е на агендата на ЕУ, ништо друго. Ние постигнавме компромис со Бугарија, акциски план за малцинствата. Сакаме темата да ја префрлиме од историски интерпретации и идентитетски прашања кон човековите и малцинските права, затоа што во тоа сме добри. Тоа го кажувам како човек кој не доаѓа од најголемата етничка група во земјата. Северна Македонија изгради уникатен модел на функционална мултиетничка демократија, наспроти сите скептици кои сметаа дека тоа на Балканот не е можно – изјави Османи во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, негирајќи се сам себеси за краток временски период во стилот на Зоран Заев и Стево Пендаровски.

Сепак, забележува дека Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ.

Прашан дали има гаранции оти Бугарија нема да поставува натамошни барања по евентуалното усвојување на уставните измени, Османи вели дека никој не може да знае што ќе донесе следниот ден, пренесува Дојче веле.

Шефот на дипломатијата смета дека анкетите кои покажуваат оти големото мнозинство граѓани се против уставните измени се погрешно интерпретирани.

– Граѓаните го отфрлаат вметнувањето на идентитетско-политичките конфликти во процесот на проширување на ЕУ, но од претстојните уставни измени нема таква опасност, напротив – посочува Османи и дополнува дека тие „ќе ја зацврстат и прошират мултиетничката демократија“.

Османи вели дека е свесен за опасноста дека некои кругови во Бугарија ќе се обидат да ја злоупотребат ситуацијата на над 80.000 (според ФАЦ) македонски државјани кои поседуваат бугарски пасоши.

– Знам дека зад барањата за малцинските права стојат нечесни намери. Но, за мене поголема закана е дека сѐ додека нашите граѓани не се дел од ЕУ, тие ќе бидат принудени да аплицираат за бугарски пасоши од социјални и економски причини – наведува Османи во интервјуто за ФАЦ.

Поврзани содржини