Срамно и скандалозно е однесувањето на Борче Јовчески градоначалникот на општина Прилеп, кој иако беше уредно поканет, не се појавил на денешниот настан со премиерот Димитар Ковачевски, реагира СДСМ.
„Неговата партија ВМРО-ДПМНЕ наместо да го осуди ваквиот потег, дополнително лаже дека наводно не бил поканет. Тоа што не се појави на промоција на капитална инвестиција за Прилеп, доволно кажува за лажната грижа на градоначалникот Јовчески за Прилеп и прилепчани. Освен што не работат ништо, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ бојкотираат настани на Владата и сето тоа на штета на своите општини и своите сограѓани“, се наведува во соопштението.