Прилепчанец се самозадоволувал пред малолетната ќерка, арсенал оружје и муниција најдени кај маж од Дебрца

615

АВТОБУС ПОВРЕДИЛ ПЕШАК – На 29.10.2020 околу 7 часот на ул.„Благој Ѓорев“, во близина на трговски центар во Велес, автобус со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.Р.(59), удрил во пешак Н.Р.(38). Во незгодата, Н.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. Бил извршен увид на местото на незгодата.

АЕРОДРОМЕЦ ИСТЕПАН ОД ТРИ ЛИЦА – На 28.10.2020 во 21.35 часот во СВР Скопје, И.К.(28) од Скопје пријавил дека околу 21 часот, во близина на трговски центар на подрачјето на Аеродром, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






СКОПЈАНЕЦ КАСНАР ОД КУЧЕ – На 28.10.2020 во СВР Скопје, Г.Ј.(34) од Скопје пријавил дека на бул.„Кочо Рацин“ бил каснат од куче скитник.

ДРАЧЕВЕЦ ДОБИЛ ЌОТЕК – На 28.10.2020 околу 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево, А.Г.(39) од Скопје физички го нападнал Р.С.(34) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

ПРИЛЕПЧАНЕЦ ТРИ ГОДИНИ СЕ САМОЗАДОВОЛУВАЛ ПРЕД ЌЕРКА СИ – Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(50) од Прилеп, поради постоење основано сомение за сторени кривични дела „задоволување на полови страсти пред друг“ и „запуштање и малтретирање на малолетно дете“. Во период од околу три години пријавениот ја малтретирал неговата малолетна ќерка, упатувал навреди и во неколку наврати пред неа вршел полови дејствија.

АРСЕНАЛ НА ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА ПРОНАЈДЕНИ КАЈ МАЖ ОД ДЕБРЦА – СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.В.(70)  од с.Слатински Чифлик – Дебрца, и У.В.(37) од с.Лескоец, охридско, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. На 15.05.2019 во с.Слатински Чифлик-Дебрца, во домот на првопријавениот, од полициски службеници при претрес биле пронајдени и одземени ловна пушка пумпарица „моссберг“ модел 500А  кал.12,  пиштол „црвена застава“ модел 70 кал.7,65 и  22 куршуми со различен калибар, за кои не поседувал дозвола. Додека на 15.05.2019 во с.Лескоец, на ул.„Корабица“, во домот на второпријавениот, од полициски службеници при претрес била пронајдена и одземена марихуана.

ЛОВЕЧКА ПУШКА БЕЗ ДОЗВОЛА НАЈДЕНА КАЈ ТЕТОВЕЦ – СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.У.(50) од с.Теново, тетовско, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 03.10.2020 на локалниот пат од с.Теново – Тетово, на место викано „Џукилица“,при вршење на службени дејствија полициски службеници сопреле патничко возило „голф“, управувано од Н.У. од с.Теново, каде како совозач бил затекнат пријавениот, и при преглед над лицата и возилото биле пронајдени две ловечки пушки, за кои пријавениот се изјаснил дека се негови, при што за ловечка пушка „застава“ М-70 кал.12 ГА поседувал дозвола и дневна дозвола за лов, а за другата ловечка пушка не поседувал дозвола.

ИСЧЕЗНА СКОПЈАНКА – На 28.10.2020 во 23.30 часот во Полициска станица Бит Пазар, Б.П.(19) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечила неговата мајка Б.П.(38). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ ДИЛАЛЕ ДРОГА – Одделението за внатрешни работи Крушево поденсе кривична пријава против С.С.(22) и М.Н.(19), двајцата од Битола, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“. Првопријавениот нелегално набавувал марихуана, амфетамин и МДМА екстази и ги продавал за однапред договорен паричен надомест, додека второпријавениот вршел продажба во корист на првопријавениот за однапред договорен паричен надомест. На 26.10.2020 во Битола, во домот на првопријавениот, полициски службеници при претрес пронашле дигитална вага, марихуана, амфетамин и мешавина од тутун и марихуана.

ВОЗЕЛ ТОВАРНО ВОЗИЛО СО ФАЛС ИСПРАВИ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против  А.А.(27) од с.Љуботен, скопско, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 05.05.2019 на регионалниот пат Богданци – с.Стојаково, од полициски службеници при вршење службени дејствија, било сопрено товарно возило „фиат дукато“,  управувано од пријавениот, и при контрола на документите било констатирено дека, нема доказ за сопственост, ниту полномоштво за управување на истото возило. Пријавениот бил приведен во Полициска станица „Богородица“ и од извршената дополнителна контрола на возилото, ВИН бројот на возилото одговарал со бројот од сообраќајната дозвола на Г.А. од с.Дебреште, гостиварско, типската налепница со ВИН бројот била остранета, а сервисната налепница во внатрешниот дел од возилото воопшто ја немало при што дел од лимот бил отстранет.

ИСТЕПАН ПОЛИЦАЕЦ – На 28.10.2020 околу 11.00 часот на подрачје на населба Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.И.(22), С.Б.(23), двајцата од с.Грчец, скопско, и малолетник од с.Ласкарци, бидејќи физички нападнале полициски службеници при вршење службени дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

Поврзани содржини