Прилепчанец пукал во куче, но си го погодил братучедот
С.А. пукал кон куче скитник во неговата бавча, но го погодил неговиот братучед Н.А.(47) во пределот на главата. Н.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Вчера во 15 часот во полициската станица во Прилеп било приајвено дека на улицата Беровска во Прилеп, 23-годишниот С.А, со воздушна пушка пукал во куче скитник, но го погодил својот 47-годишен пратучед Н.А., наведено е во билтенот на Министерството за внатрешни работи.
„На 06.05.2020 околу 15.00 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека од куќа на ул. Беровска во Прилеп, во сопственост на С.А.(23), со воздушна пушка норика кал.4,5мм, сопственост на А.З. од Прилеп, која ја поседувал со дозвола, С.А. пукал кон куче скитник во неговата бавча, но го погодил неговиот братучед Н.А.(47) во пределот на главата. Н.А. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во билтенот.