ПРИЛЕПЧАНЕЦ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ПАРК Итната медицинска помош констатирала смрт на 42-годишното лице

Од СВР Битола информираат дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

377

42-годишен жител на Прилеп вчера рано наутрео бил пронајден мртов во паркот спроти градскиот плоштад.

Како што информира СВР Битола во 06.58 од страна на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп било пријавено дека е пронајдено безживотното тело на прилепчанецот.






– Полицијата доби информација дека во паркот спроти Плоштадот „Методија Андонов Ченто” во Прилеп бил пронајден починат Г.В.(42) од Прилеп. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт – велат од СВР Битола.

Оттаму додаваат дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Поврзани содржини